Позитивни прогнози за текстилците во земјава

Прогнозите за текстилната индустрија и за годинава се позитивни. Ваква оцена дава Ангел Димитров, претседател на Здружението на текстилната индустрија и конфекцијата, од каде што посочуваат дека текстилната индустрија последнава година бележи раст, но тоа не значи дека излегла од криза и дека може да се очекуваат големи стапки на развој.

„Во 2013 година текстилната индустрија во вкупниот извоз учествувала со 16,4 проценти. Во однос на 2012 година бележи зголемување на производството на текстил за 79,8 отсто и 13,7 проценти во делот производство на облека. Извозот на текстилни производи е 701 милион американски долари од кои 77,6 милиони отпаѓа на текстилни ткаенини, а 624 милони на готови производи”, истакна  Саше Деспотовски од Стопанската комора.

Во овој сектор се вработени околу 42.000 лица.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.