Позитивни се две воспитувачки од градинка во Чаир

Позитивни на коронавирусот се уште две воспитувачки во детската градинка Петар Пан во општина Чаир, а четири деца се во самоизолација, објави ТВ 24.

Во моментов во градинката се згрижени вкупно 47 деца, а кадарот се состои од шест негувателки и осум воспитувачки. Бидејќи двете воспитувачки се потврди дека се позитивни на коронавирусот, уште една нивна колешка самоиницијативно побарала да биде во самоизолација бидејќи имала контакт со нив.

Раководството уверува дека засега градинката продолжува нормално да работи.