Позитивните Мицевски и Петкова во Собранието влегоа во скафандери

Двајцата пратеници од ВМРО–ДПМНЕ кои се позитивни на ковид-19, облечени во скафандери пристигнаа во Собранието, за да присуствуваат на денешната собраниска седница на која треба да се гласа за недоверба на Владата на премиерот Зоран Заев.

Станува збор за пратеникот Никола Мицевски, кој е и координатор на пратеничката група ВМРО-ДПМНЕ, како и за пратеничката Ангелика Петкова.

– Се надевам дека нема да има кривична пријава за биолошки тероризам овој пат. Веројатно сите сме свесни што зборував пред година и пол за потребата од онлајн работа – рече на почетокот на седницата претседателот на Собранието Талат Џафери.