Позначајни движења кај каматните стапки на банките и штедилниците

Каматните стапки на кредити остануваат ниски, а умерено зголемување е присутно кај каматните стапки на новопримените депозити. Продолжи трендот на намалување на просечната каматна стапка на вкупните кредити на годишна основа. Во месец јуни таа изнесува 4,27%. Просечната каматна стапка на вкупните депозити изнесува 0,67%, соопшти во петокот Народната  банка.

Во јуни, просечната каматна стапка на вкупните кредити забележа минимален месечен пад од 0,01 п.п. и изнесува 4,27%, додека на годишна основа оваа каматна стапка е намалена за 0,27 п.п. Просечната каматна стапка на вкупните депозити се задржа на нивото од претходниот месец и изнесува 0,67%. На годишна основа, просечната каматна стапка на вкупните депозити е пониска за 0,17 п.п.

– Просечната каматна стапка на новоодобрените кредити, во јуни, бележи раст од 0,02 п.п. на месечна основа и изнесува 3,99%. На годишна основа, оваа каматна стапка е намалена за 0,04 п.п. Просечната каматна стапка на новопримените депозити оствари месечно и годишно зголемување од 0,21 п.п. и 0,44 п.п., соодветно и изнесува 0,97%.

1. Каматни стапки на корпоративниот сектор
‒ Во јуни, просечната каматна стапка на вкупните кредити на корпоративниот сектор
изнесува 3,44% и бележи месечен раст од 0,01 п.п. Промената на месечно ниво се
должи на повисоките каматни стапки на денарските кредити со валутна клаузула (за
0,06 п.п.), во услови кога каматните стапки на кредитите во странска валута и
каматните стапки на денарските кредити без валутна клаузула бележат намалување
(0,02 п.п. и 0,01 п.п., соодветно). Во споредба со јуни 2021 година, каматната стапка
на вкупните кредити на корпоративниот сектор е пониска за 0,21 п.п.

Каматната стапка на новоодобрените кредити на корпоративниот сектор, во јуни,
забележа зголемување од 0,22 п.п. на месечна основа и изнесува 3,68%. Притоа,
растот произлегува од зголемувањето кај сите компоненти: каматните стапки на
денарските кредити со валутна клаузула (за 0,74 п.п.), каматните стапки на
кредитите во странска валута и каматните стапки на денарските кредити без валутна
клаузула (за 0,16 п.п. и 0,11 п.п., соодветно). На годишна основа, оваа каматна
стапка бележи раст од 0,25 п.п.

 

– Овој месец, каматната стапка на вкупните депозити на корпоративниот сектор е
повисока за 0,10 п.п. и изнесува 0,97%. Притоа, месечната промена се должи на
повисоките каматни стапки на денарските депозити без валутна клаузула и
каматните стапки на депозитите во странска валута (за 0,12 п.п. и 0,06 п.п.,
соодветно), во услови кога каматните стапки на денарските депозити со валутна
клаузула бележат минимален пад (за 0,01 п.п.). Анализирано на годишно ниво, оваа
каматна стапка е пониска за 0,19 п.п.

‒ Каматната стапка на новопримените депозити4 на корпоративниот сектор, во јуни,
изнесува 1,53%, што претставува месечен раст од 0,42 п.п. Од аспект на валутната
структура, растот е резултат на зголемувањето на каматните стапки на депозитите
во странска валута и каматните стапки на денарските депозити без валутна клаузула
(за 0,43 п.п. и 0,40 п.п., соодветно), во услови кога не се примени денарски депозити
со валутна клаузула. Каматната стапка на новопримените депозити на
корпоративниот сектор бележи раст од 1,02 п.п. во однос на истиот месец минатата
година.

2. Каматни стапки на домаќинствата

‒ Во јуни, каматната стапка на вкупните кредити на домаќинствата забележа месечно
намалување од 0,02 п.п. и се сведе на 5,04%. Надолната промена произлегува од
падот кај сите компоненти: каматните стапки на денарските кредити со и без валутна
клаузула (за 0,03 п.п. и 0,02 п.п., соодветно) и каматните стапки на кредитите во
странска валута (за 0,02 п.п.). Каматната стапка на вкупните кредити на
домаќинствата е намалена за 0,29 п.п, споредено на годишна основа.

‒ Просечната каматна стапка на новоодобрените кредити на домаќинствата, во јуни,
е намалена за 0,02 п.п. во однос на мај и изнесува 4,51%. Анализирано според
структурата, падот целосно се објаснува со намалувањето на каматните стапки на
денарските кредити без валутна клаузула (за 0,02 п.п.), во услови на раст на
каматните стапки на денарските кредити со валутна клаузула и каматните стапки на
кредитите во странска валута (за 0,06 п.п., соодветно). Годишното намалување на
оваа каматна стапка изнесува 0,13 п.п.

‒ Во јуни, каматната стапка на вкупните депозити на домаќинствата изнесува 0,65% и
на месечно ниво се намали за 0,01 п.п. Месечниот пад во целост се должи на
намалените каматни стапки на денарските депозити без валутна клаузула (за 0,01
п.п.), при непроменети каматни стапки на денарските депозити со валутна клаузула
и на депозитите во странска валута. Каматната стапка на вкупните депозити на
домаќинствата оствари пад од 0,15 п.п. на годишно ниво.

‒ Каматната стапка на новопримените депозити на домаќинствата , во јуни, оствари месечен раст од 0,08 п.п. и изнесува 0,70%. Зголемувањето на месечна основа произлегува од растот на каматните стапки на денарските депозити без валутна клаузула и каматните стапки на депозитите во странска валута (за 0,12 п.п. и 0,04 п.п., соодветно). Овој месец, кај банките и штедилниците не се евидентирани
новопримени денарски депозити со валутна клаузула. Споредено на годишна основа,
оваа каматна стапка бележи раст од 0,17 п.п.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.