Познат американски актер ја застрелал својата сопруга

Американскиот актер Мајкл Џејс ја застрелал својата сопруга, а потоа се пријавил во полиција.

По ваквото признание полицијата го привела 49-годишниот актер под обвинение за убиство на сопругата Ејприл.

Безживотното тело на Ејприл Џејс било пронајдено во нивниот семеен дом во Лос Анџелес. Во куќата е пронајден и пиштол, за кој се претпоставува дека е оружјето со кое е извршено убиството.

Мотивите за убиството се уште не се познати, а некои медиуми пренесуваат дека убиството се случило пред очите на нивните деца.

Џејс стана познат по улогата на полицискиот офицер Џулијан Лоу во научно-фантастичната драма „The Shield“. Покрај ова има настапувано и во филмовите „Division III: Football’s Finest“, „Форест Гамп“ и „Тајсон“.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.