Познат е редоследот на кандидатите за претседатели на гласачкото ливче

Во Државната изборна комисија денеска на јавна седница со жрепка се утврди редоследот на единствената листа на кандидат за избор на претседател на државата.

Се утврди редоследот на гласачкото ливче со тројцата претседателски кандидати:

1.Блерим Река,

2.Гордана Силјановска Давкова и

3.Стево Пендаровски.

Тројцата кандидати потпишаа кодекс за однесување на претседателските избори.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.