Познат иденитетот на починатaта македонска дипломатка во Њујорк

Триесет и деветгодишната М.В. од Скопје е македонскa дипломатка чие што тело е пронајдено во нејзиниот стан на Менхетн во новогодишната ноќ. Полицијата се сомнева дека се работи за самоубиство, јавува „Слободен печат“.

Таа е пронајдена со лицето надолу и со ремен околу вратот во бањата од својот стан во источниот дел од Менхетн, дури околу пладне. Дипломатката живеела сама во апартман на четвриот кат.

Полицијата пронашла рецепти за антидепресивни лекови и две шишенца со мелатонин – едното празно, а другото речиси испразнето.

Според извештајот од Њујорк Пост во нејзиниот дом веднаш по брзата помош пристигнал и македонски дипломат, се претпоставува амбасадорот.

Неофицијално, младата дипломатка страдала од депресија подолго време пред да си го одземе животот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.