Познат идентитетот на загинатата жена кај Сарамзалино

Познат идентитетот на загинатата жена кај Сарамзалино

Триесет и шест годишната Жаклина А. од Виница е жената која загина во сообраќајната несреќа која вчера се случи на патот Велес-Штип, кај Сарамзалино.

Несреќата се случи кога автомобилот Хјундаи со штипски регистерски ознаки, во кој Жаклина била сопатник, изгубил контрола и се превртел на покрив.

Жената починала на лице место. Полицијата на местото на несреќата извршила увид.