Познат идентитетот на мажот чие тело вчера беше извадено од Вардар

Министерството за внатрешни работи денеска го соопшти идентитетот на мажот чие тело вчера вечерта бее извлечено од водите на Вардар.

-Имено, вчера попладне во близина на с.Миравци, гевгелиско, на место викано „Три тополи“, додека В.М.(19) и В.Ѓ.(56), двајцата од с.Миравци, местеле мрежи во р.Вардар, В.Ѓ. паднал во водите на реката и потонал.

Неговото тело во 19.15 часот било пронајдено и извлечено од реката, а од страна на лекар од Итната медицинска помош Гевгелија била констатирана смрт, информираат од МВР.

Увид на местото на незгодата извршила увидна екипа од Полициската станица Гевгелија. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција.