Познат идентитетот на нападнатите во „Александар Палас“, нема повредени

Три вооружени маскирани лица ноќта кон неделата во скопскиот хотел „Алескандар Палас“ отвориле оган кон друга група машки лица, при што во инцедентот нема повредени, соопшти во неделата Министерството за надворешни работи.

Пукањето било пријавена во полицијата околу 00,35 часот, и во инцидентот во „Алескандар Палас“ во Скопје нема повредени лица нема.

Според пријавеното, додека во ресторанот на хотелот седеле Е. И. (21), Е. И. (25), О. Б. (35), К.И. (41) и Љ.Ќ. (25), други три лица почнале да пукаат кон нив. Тогаш Љ.Ќ., полициски службеник кој не бил на работа, испукал од службениот пиштол кон нив, по што тие заминале. Повредени лица нема, се наведува во соопштението од МВР.

Од МВР информираат дека се работи на расчистување на случајот