Познат идентитетот на петте лица кои починаа во сообраќајката кај Драчево

На булеварот „Борис Трајковски “ во Скопје, вчера во 23.40 часот се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Ј.(44) од Скопје и патничко возило „рено 5“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ј.Л.(43) од Скопје.

-Во незгодата возачот Ј.Л. и сопатниците возилото „Рено“, С.Н., А.Т.(54) од Скопје, Е.Т.(37) од Скопје и И.А.(40) од Скопје починале на местото. Додека, возачот М.Ј. се здобил со повреди и бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ каде му била укажана лекарска помош и бил задржан на понатамошно лекување. Увид на местото извршил Јавен обвинител и увидна екипа на СВР Скопје. По наредба на Јавен обвинител телата на починатите биле предадени за обдукција, посочија од МВР.