Познат идентитетот на трите момчиња што вчера загинаа во Куманово

Трите момчиња на возраст од 17 и 18 години ги загубија животите вчера попладне во сообраќајна несреќа во Куманово.

Од СВР-Куманово соопштија дека во несреќата загинале Ваљон М. (17) од Куманово, Егзон Ш. (17) од Куманово и Исуф А. (18) од Липково, објавиПрес24.

Во автомобилот имало четири лица од кои двајцата починале на местото на несреќата, а едниот на пат кон болницата. Четвриот патник е во кумановската болница. Има повреди и скршеници по целото тело.

Сообраќајната несреќа се случи вчера околу 17 часот, кај „Дедин Мост“ во близина на бензинската пумпа „Мак Петрол“, кога возачот на автомобил марка „БМВ“ со кумановски регистарски таблички што се движел од село Бедиње кон центарот на Куманово, додека бил на мост, изгубил контрола над возилото и излетал на автопатот. Автомобилот кога излетал од мостот, слетал директно пред цистерна која се движела по автопатот.

За да избегне удар, возачот свртел нагло, по што цистерната се превртела и застанала на спротивната страна.

Возачот на цистерната, М.Т. (45) од Куманово поминал со лесни телесни повреди.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.