Познат идентитетот на загинатата жена во тешката сообраќајка на патот Ресен-Битола

Министерството за внатрешни работи денеска објави детали за тешката несреќа која се случи вчера, а во која животот го загуби едно лице, додека три се тешко повредени.

Според полициските информации несреќата се случила а магистралниот пат Ресен-Битола, кај место викано „Лебара Жито“ Ресен околу 18 часот.

Во истата учесници биле автомобил „опел астра“ со прилепски регистарски ознаки, управувана од Р.Р.(65) од Прилеп и автомобил „пасат“ со ресенски регистарски ознаки, управуван од Ѓ.В.(42) од с.Грначари,ресенско.

-Во незгодата починала сопатничката во патничко моторно возило „астра“ Р.Р.(62) од Прилеп,  додека со возило на итна медицинска помош во Клиничка болница Битола биле пренесени возачот Р.Р., неговата малолетна сопатничка од Прилеп и возачот на другото возило Ѓ.В., на кои од доктор им биле констатирани тешки телесни повреди, информираат од МВР.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Битола.