Познат идентитетот на загинатиот кај Галичица

Во несреќата што утрово се случи на планината Галичица, животот го загуби 40-годишниот Флоријан Џера од селото Аларут, Поградец Албанија, соопшти попладнево СВР Охрид.

Од СВР Охрид во изјава за Курир информираат дека лицата паднале во провалија над селото Трпејца, а нивното спасување дополнително е отежнато од непристапноста на теренот.

Кога малку се подобриле временските услови, тие забележале дека се движат на опасен терен, на сртот на врвот Магаро, највисока точка на планината Галичица, по што се обиделе да се вратат на албанска територија. Притоа, Флоријан се лизнал и паднав во бездна длабока 500 метри. Неговите пријатели успеале да се симнат до него, но од тежината на повредите, тој починал, пишува OhridNews.

„Лицето се лизгало низ стрмен терен од 300-500 метри и удрило во дрво. Здобиените повреди биле фатални и тоа починало“, изјави Сашо Точков од Црвениот крст.

Нивниот повик за помош по трагедијата го слушнал човек кој пешачел на планината, по што случајот бил пријавен.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.