Познат новинар мастурбирал пред колегите, па доби отказ од работа

Познатиот новинар на „Њујоркер“, Џефри Тобин, доби отказ од работа поради непримерното однесување за време на видео-конференција со неговите колеги.

Тобин работи во овој медиум цели 27 години, но управата експресно му го врачила отказот откако тој бил забележан како мастурбира за време на состанокот одржан преку апликацијата „Zoom“.

Тој изјавил дека мислел дека камерата му е исклучена и го опишал случајот како „срамна и глупава грешка“.