Познат поширокиот список на кошаркарската селекција за двомечот со Грузија

Селекторот на македонската машка кошаркарска репрезентација, Драган Бајиќ, го објави во вторникот списокот со 24 кошаркари, од коишто потоа ќе ги избере играчите кои кон крајот на месецот ќе и се спротивстават на Грузија во квалификациите за Светскот првенство во 2023 година.

Тоа ќе бидат два меча против истиот ривал, прво во Тбилиси на 24-ти февруари а три дена подоцна и во салата „Борис Трајковски“ во Скопје, во рамките на групата во која се уште и Шпанија и Украина, од кои македонската селекција беше поразена во ноемврискиот циклус.

Предводникот на националниот тим од тогашниот состав ги „избриша“ одметнатиот Лејсон Зеќири, кој одби да дојде на подготовките, како и центрите Кирил Николовски и Љубомир Младеновски.

Истовремено додаде седум талентирани надежи од домашното првенство, Андоноски, Исајлоски, Дарио и Максим Митевски, Амар Хот, Павел Данаиловски и Валмир Какруки, како и „Американците“ Лука Савичевиќ и Андреј Јакимовски.

Костурот на селекцијата останува ист, со напомена дека се враќа Војдан Стојановски по долгата пауза поради повреда на коленото, како и Ненад Димитријевиќ, кој одби на настапи во августовските претквалификации, а беше повреден за претходните два дуела од квалификациите. Џејкоб Вајли очекувано е засилувањето од САД.

 

ПОШИРОКИОТ СПИСОК НА СЕЛЕКТОРОТ ДРАГАН БАЈИЌ

Бојан Крстевски (МЗТ Скопје Аеродром)

Кристијан Николов (МЗТ Скопје Аеродром)

Дамјан Робев (МЗТ Скопје Аеродром)

Адем Мекиќ (МЗТ Скопје Аеродром)

Дамјан Стојановски (МЗТ Скопје Аеродром)

Војдан Стојановски (МЗТ Скопје Аеродром)

Андреј Андоноски (МЗТ Скопје Уни Банка)

Виктор Исајлоски (МЗТ Скопје Уни Банка)

Дарио Митевски (МЗТ Скопје Уни Банка)

Максим Митевски (МЗТ Скопје Уни Банка)

Бобан Стајиќ (Пелистер)

Стојан Ѓуроски (Пелистер)

Виктор Ефремовски (Гостивар)

Андреј Маслинко (ТФТ)

Андреј Митревски (Феникс 2010)

Амар Хот (Феникс 2010)

Павел Данаиловски (Работнички)

Валмир Какруки (Работнички)

Андреј Магдевски (АСУ Плоешти-Романија)

Ненад Димитријевиќ (Валенсија-Шпанија)

Теодор Симиќ (Барселона-Шпанија)

Џејкоб Вајли (Реал Бетис-Шпанија)

Лука Савиќевиќ (Источен Мичиген-САД)

Андреј Јакимовски (Вашингтон Стејт-САД)