Позната е причината за пожарот во автобусот, ќе ја објават експертите

Позната е причината за пожарот и местото каде тој првично се појавил во автобусот со македонски туристи на автопатот „Струма“, на враќање од туристичкото патување во Истанбул, изјавија за БТВ обвинителот Бисер Михаилов и истражителот Маријан Маринов, кои работат на расветлување на трагедијата, пренесе МИА.

Маринов одби јавно да ја открие причината за пожарот и рече дека тоа „ќе им остави на експертите“ кои веќе имаат свои „тези“. Но, истражителот коментира дека во македонскиот автобус било „закачено“ големо парче од заштитната ограда за гумата до влезната врата, било пронајдено и парче „свиткано како хармоника“ и „уништена е пластичната цистерна“.

„Можете да замислите какво триење и искри имало“, рече Михаилов.

Истражителот додаде дека автобусот бил стар и „репариран“ во Турција и дека целата опрема му е заменета и допрва треба да се разјасни кои од деловите биле оригинални, фабрички, а кои не.

Двајцата експерти кои вечерва говореле за БТВ само ги повторија претпоставките кои пред една ндеела на прес конференција ги соопштија претставниците на бугарското Обвинителство.

„Веројатна причина за пожарот е ударот во оградата во десната страна, при што оградата се подвлекла под автобусот и предизвикала искрења. Притоа, течностите – горивото и маслата се запалиле од тоа искрење. Одредени воздушни перничиња исто така експлодирале во моментот“, објасни Сарафов.