Челникот на француската компанија „Louis Vuitton Moët Hennessy“, Бернар Арно, изгубил повеќе од 30 милијарди американски долари покажуваат податоците од рангирањето на Bloomberg Billionaires Index, и според агенцијата ова е најголемата сума којашто ја загубила една личност во време на кризата предизвикана од пандемијата на новиот тип коронавирус.
Поради пандемијата поваќето бутици во сопственост на Арно ширум светот се затворени веќе повеќе од еден месец, пишува Bloomberg News. Од почетокот на годината, пак, акциите на LVMH загубиле дури 19 отсто од вредноста.
Според финансискиот директор на компанијата, Жан-Жак Гиони, иднината на бизнисот на Арно ќе зависи од кинескиот пазар, кој сочинува повеќе од една третина од продажбата на лускузните производи.
Уште во март сопственоста на 20-те најбогати луѓе на планетата беше намалена за речиси 300 милиони долари, поради влијанието на пандемијата на коронавирусот. Според тогашните пресметки на списанието Forbes, Арно и тогаш бил најмногу во загуба.
Францускиот претприемач во моментов е на третото место на листата на Forbes на најбогатите личности со богатство од 90 милијарди долари. На првото и второто место се основачот и извршниот директот на облајн продавницата „Amazon“ Џеф Безос и основачот на технолошкиот гигант „Microsoft“, Бил Гејтс, со 141,8 односно 105,7 милијарди долари.