Позната пејачка поради короната не одела на доктор, а потоа дознала дека е смртно болна

Членката на британскиот бенд „Грлс Алауд“, Сара Гардинг, сподели со своите следбенци дека боледува од рак на дојка. Таа решила да напише мемоари и да ги опише тешките моменти, низ кои минува поради болеста.

Лекарот пред неколку месеци ми рече дека претстојниот Божиќ веројатно ќе ми биде последен. Не сакам да знам таква прогноза, не знам зошто некој би сакал – напишала младата пејачка која доцна се јавила на лекар.

Се почнало кога напипала грутка на градите, ама веднаш не отишла на лекар, туку заради пандемијата на корона вирусот, го одлагала одењето на лекар. За жал тоа била погрешна одлука, бидејќи доцна отишла на преглед.

Немојте пандемијата да ви биде изговор како што ми беше мене. Немојте да го одлагате одењето во болница. За мене сега е доцна – предупредила младата пејачка на која почнале да и откажуваат органите.