Познатa судиската двојка која ќе го суди мечот Македонија-Словенија

Наш прв противник на ЕП за ракометари во групата А ќе биде селекцијата на Словенија.

Овој натпревар е закажан за на отворањето на шампионатот (13 јануари), а Европската ракометна федерација веќе ја одреди судиската двојка. Делители на правдата ќе биде австриската судиска двојка Радојко Бркиќ и Андреј Јусуфхоџиќ.

Мечот меѓу Македонија и Словенија започнува од 18:00 часот, а потоа избраниците на Кирил Лазаров ги чека мечеви со Црна Гора и светскиот шампион Данска.