Познати деталите од крвавата тепачка во Ресен

Полицијата потврди дека вчеравечер пред кафеана во Ресен се случил инцидент, во кој, при употреба на нож биле повредени неколку лица, сите државјани на Р. Албанија.

Во ресторан на ул.„Јосиф Јосифовски“ во Ресен настанала физичка пресметка помеѓу Б.О.(21), Л.А.(46), Т.Р.(33), од една страна и Р.Д.(51), од друга страна, сите од Република Албанија, кои работеле во Ресен. Според пријавата, во еден момент тие излегле надвор пред објектот, каде Р.Д. на Л.А. со нож му нанел убодни рани, а на Т.Р. расекотина, се наведува во соопштението од МВР.

Полициски службеници веднаш по пријавата излегле на местото на настанот. На лицата им била укажана медицинска помош во болницата во Битола, а потоа Б.О., Т.Р. и Р.Д. биле лишени од слобода и задржани во Полициската станица Ресен, а Л.А. бил
задржан на лекување. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, додава полицијата.