Познати идентитетите на ранетиот скопјанец и на човекот кој пукал во него

Во неделата во 19.35 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улицата „Миле Поп Јорданов“, на подрачјето на скопската општина Карпош, пред угостителски објект имало повредено машко лице од оружје.

Потоа тој бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.

Според пријавеното, прво настанала расправија во угостителскиот објект меѓу 44-годишниот Б.Ѓ. од Скопје, од една страна, и К.Г., кој бил заедно со уште едно лицe, од друга страна.

Потоа, според пријавеното, расправијата продолжила надвор од објектот, при што К.Г. пукал со пиштол кон Б.Ѓ..

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.