Познати имињата на тројцата кандидати за најдобар играч на ЛЕ за минатата сезона

Лука Јовиќ, Ајнтрахт Франкфурт

УЕФА ги идентификува тројцата претенденти за играч број 1 во Лигата на Европа за сезоната 2018/2019.

Оливие Жиру, Еден Азар и Лука Јовиќ се играчите кои ќе го одредат најдобриот играч на турнирот за изминатата кампања.

Напаѓачот на Челзи, Жиру стана топ-стрелец на турнирот, постигнувајќи 11 голови на 14 настапи за „сините“ од Лондон. Покрај тоа, Французинот направи и пет асистенции.

Поранешниот негов соиграч, Еден Азар, веќе во сопственост на Реал Мадрид, е избран за Играч на натпреварот во финалето во Баку, во кој Челзи го совлада Арсенал со 4-1. Тоа беше и последниот натпревар на Азар со дресот на лондонските „сини“ во кој постигна два гола.

Лука Јовиќ беше клучна фигура во екипата на Ајнтрахт Франкфурт, која беше елиминирана од Челзи во полуфиналето на турнирот. Српскиот офанзивен фудбалер постигна 14 гола на 14 натпревари.

Името на победникот ќе биде објавено за време на ждрепката за групната фаза во Лигата на Европа на 30 август.