Познати кадидатите за членови на ДИК, партиите со свои фаворити

Познати се сите 14 кандидати за членови на Државната изборна комисија, а партиите веќе имаат свои фаворити.

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ како кандидати се истакнуваат Бобан Стојаноски и Александар Даштевски, а пак Кренар Лога е кандидат за член кој доаѓа од Алијанса за Албанците, додека ДУИ е Дитмире Шеху е од ДУИ.

Од владејачката СДСМ извори коментираат дека членови во највисокото изборно тело би биле и досегашните членови Јанаке Витановски, Борис Кондарко, а во игра се и Оливер Ристовски поранешен министер за правда и Љупка Гугучевска портпаролка во ДИК.

Останатите кандидати се: Бети Ѓоргиевска, Радица Ристеска, Елизабета Постоловска, Димитар Спасески и Зоран Михајлоски.

Се уште нема информации кој би бил член на ДИК на огласот кој што Собранието го распиша пред Нова година пријавени се 14 кандидати, а комисијата за избори и менувања денеска треба да го констатира овој список.