Познати носители на изборните листи на СДСМ?!

Владејачката СДСМ денеска на конгрес ќе одлучува за кандидатите за пратеници и за носителите на листи за парламентарните избори на 8-ми мај. Ќе биде претставена и партиската програма со која СДСМ ќе се претстави пред гласачите.

Владејачката партија претходно на 3-ти март веќе одржа еден партиски конгрес на кој беше официјализирана кандидатурата за втор мандат на шефот на државата Стево Пендаровски.

Инаку, според информациите блиски на партијата, Димитар Ковачевски, ќе биде носител во првата изборна единица. Во втората изборна единици, според истите извори, носител ќе биде поранешниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, додека директорката на Управата за јавни приходи (УЈП), Сања Лукаревска ќе ја предводи партиската изборба листа во „тројката“. Во четвртата изборна единица кандидати за пратеници на социјалдемократите ќе ги води поранешниот министер за здравство Венко Филипче, во петатата изборна единициа актуелниот сопбраниски спикер Јован Митрески а во шестата – министерката за одбрана Славјанка Петровска.

Во дел од медиумите, исто така, циркулира и списокот според кој Ковачевски, ќе биде носител во првата изборна единица, а како коносител ќе ја има претседателката на коалицискиот партнер ЛДП, Моника Зајкова. Први во „двојката“ ќе бидат Сања Лукаревска и Фатмир Битиќи, додека во третата изборна единица предводници ќе бидат Љупчо Николовски и Оливер Спасовски, кој се сели од носителската позиција во втората изборна единица. Најверојатно, носител во четвртата изборна единица ќе биде поранешниот министер за здравство, Венко Филипче. За петтата изборна единица се споменуваат Јован Митрески и Бисера Костадиновска-Стојческа, а „шестката“ е најнеизвесна, таму во игра се повеќе имиња и најмногу се споменуваат Славјанка Петровска и Миле Зечевиќ.