Познати почетните петорки за годинешниот Ол-стар натпревар

Леброн Џејмс и Кевин Дјурант ќе бидат капитени на тимовите на „Ол-стар“ натпреварот во НБА лигата кој годинава ќе се одржи на 20-ти февруари.

Двајцата добија најмногу гласови од фановите и со тоа го добија правото самите да си го одбираат тимот со кој ќе настапат во Кливленд.

Во западната конференција како стартери покрај Леброн избран е двоецот од Голден Стејт Вориорс, Стеф Кари и Ендрју Вигинс, како и Никола Јокиќ.

Во источната конфереција покрај Дјурант избрани се и Тре Јанг, Демар Дероузен, Јанис Адетокумбо и Џоел Ембид.