Познати припадничките на понежниот пол со најголемо богатство

Познати се дамите кои ја поседуваат добитната комбинација во животот. Погледнете ја листата на жени од 19-50 години кои се меѓу најбогатите во светот.

Шари Арисон

Шари стана најбогатата жена во Израел, наследувајќи го богатството од бизнисот за крстарење, Carnival Corporation од нејзиниот татко. Обртот на нејзините 3.9 милијарди долари го одржува со инвестирање во компании, чиј фокус е заштита на животната средина и вложувајќи во непрофитни организации за образование и здравје. Очигледно си ги има јасно поставено приоритетите.

Татјана Касирањи

На Татјана и се посреќи двапати. Го наследи богатството од семејната пиварница од Колумбија и се омажи за Андреа Касирањи, кој е најстар син на принцот од Хановер и е втор наследник на тронот на Монако. На само 32 години, Татјана денес поседува богатство во вредност од 2,4 милијарди долари.

Шарлот Содерсторм

На 39-годишна возраст Шарлот може да се пофали со богатство од 2.2 милијарди долари. Таа ги наследи парите од бизнисот кој нејзиниот дедо го основал во 1947, познатиот моден бренд H&M. Во моментов нејзиниот татко раководи со компанијата H&M и е најбогатиот човек во Шведска, каде што и живеат. Како што изгледа, нејзиното богатство ќе продолжи да се зголемува.

Џулија Еткер

Милијардерката од Германија е едно од осумте деца кои наследиле семејни пари. Нејзе и биле препишани 2.1 милијарди долари. Нејзините татко и дедо го започнале бизнисот за пецива и пудинзи во 1891, кој продолжува да се развива и денес. 37-годишната Јулија и нејзините браќа и сестри наидуваат на несогласувања околу компанијата и поделбата на богатството, но, како на 66-та најбогата личност во Германија сепак не е за жалење.

Катарина Андресен

Со потекло од Норвешка, Катарина поседува 1.25 милијарди долари, а е на возраст од само 21 година, со што притоа стана втората најмлада милијардерка во светот. Нејзиниот татко има одвоено 42 отсто од семејниот бизнис на нејзино име (Ferd). Компанијата имаше голем инвестициски удел и во тутунската индустрија, по што ги продаде акциите во вредност од 480 милиони долари.

Ли Бо Џин

На 45-годишна возраст, Ли е најбогатата жена во Јужна Кореја, со богатство проценето на 1.9 милијарди долари. Таа е ќерка и наследник на сопственикот на Самсунг империјата, Ли Кун Хи. Во моментов Ли го води синџирот хотели „Шила“.

Денис Коутс

Како основач и извршен директор на онлајн компанијата за обложување Bet365 може да се пофали со богатство во вредност од 3.8 милијарди долари. Таа е 14-та најбогата личност во Велика Британија, а компанијата која ја поседува ја раководи со нејзиниот брат. Растејќи во обложувалниците, Денис смислила начин како да го префрли бизнисот во онлајн сферата, што се покажа како голем успех и во моментов Bet365 е една од најголемите компании за обложување во светот.

Гонг Хаијан

Родена во рурално село во Кина, Гонг Хаијан се истакнала со своите претприемачки способности уште од рана возраст, надминувајќи ја секоја животна пречка, вклучувајќи ја и несреќата по пад од трактор, по што се здобила со сериозни повреди на ногата и лицето уште како дете. Таа никогаш не се откажала и започнала онлајн бизнис за љубовни состаноци. Сервисот постигнал толку голем успех што од како го презентирала во NASDAQ, тие го процениле во вредност од 77 милиони долари.

Магдалена Мартуло – Блочер

Магдалена ја презеде позицијата од својот татко во сојузниот совет на Владата во Швајцарија во 2004. Таа претходно работела во највисоко раководство во Johnson&Johnson и во моментов е милијардерка со богатство проценето на 3.7 милијарди долари. Магдалена се вбројува меѓу осумте најбогати луѓе во Швајцарија.

Елизабет Холмс

Елизабет Холмс е 32-годишна жена која некогаш вредела 4.5 милијарди долари. Таа го напуштила школувањето на Универзитетот Стенфорд и основала сопствена компанија за анализи на крв, наречена Теранос (Theranos), кога имала само 19 години. Холмс ги искористила парите наменети за своето образование вложувајќи во компанијата и со тоа се најде на кориците на Forbes, како една богата и самостојна жена. Меѓутоа, неодамна, таа и нејзината компанија се соочија со проблеми околу методите на тестирање, а со тоа следеше и драстична промена во богатството. Нејзината компанија со вредност проценета од 9 милијарди долари набрзо падна на 800 милиони. Иако поседува 50 отсто од акциите во компанијата, по се изгледа нема да и останат многу пари по исплатите на инвесторите, што резултирало со намалување на нејзиното богатство од 4.5 милијарди долари.

Клое Грин

Клое е ќерка на Филип Грин, кој е претседател на малопродажната компанија Arcadia Group, која го вклучува популарниот британски синџир Topshop. Таткото на Клои вреди 5.1 милијарда долари, а госпоѓицата Грин е идна наследничка. На само 22-годишна возраст, Клое беше во врска со 45-годишниот Марк Ентони. Таа моментално работи во модната индустрија, што објаснува и како ги исполни насловните страници на магазините со нејзиниот поранешниот партнер, воедно престапник, а сега модел – Џереми Мејкс.

Вирџини и Клер Кортин – Кларинс

27-годишната Вирџини и 26-годишната Клер ќе наследат само половина од богатството на Clarins Cosmetics. Нивниот дедо, Жак Кортин – Кларинс ја основаше компанијата во 1954 година, која неодамна беше проценета на вредност од 3.6 милијарди долари. Вирџини и Клер се ќерки на Кристијан Кортин – Кларинс и моделот Корин Мејн де Биран. Вирџини има диплома по бизнис и менаџмент и поседува линија на костуми за капење наречена „Луз“. Клер е уметник, а има студирано и архитектура и графички дизајн.

Приска и Џена Кортин – Кларинс

Другата половина од богатството на Кларинс го поседуваат близначките Приска и Џена, ќерки на Оливер Кортин – Кларинс и моделот и скулптор Анели Кортин – Кларинс. Џена студира фотографија во Париз, додека Приска е ко-сопственик на „The nail factory“ салоните, лоцирани во Париз. Бидејќи нивните татковци се сопственици на компанијата, семејството вреди цели 2 милијарди долари. Братучетките Кортин – Кларинс се учеснички на модните случувања Fashion Week низ светот и се амбасадори на брендот и акционери во семејната компанија.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.