Познати првите петорки за Ол Стар мечот во Солт Лејт Сити

-Најдоброто од најдобрата лига на светот, кремот на НБА на 19 февруари ќе го одигра Ол Стар мечот во Солт Лејт Сити, во Јута каде има собир на ѕвездите за првпат после 1993-та година.

-Леброн Џејмс по 19-ти пат ќе се појави на мечот на сите ѕвезди со што ќе се израмни со легендарниот Карим Абдул-Џабар.

-Лука Дончиќ поради повреда го напушти мечот со Феникс Санс па неизвесно е колку време ќе отсуствува од паркетите. За Истокот треба да стартуваат: Јанис Адетокумпо, Дурант, Тејтум, Донован Мичел, Кајри Ирвинг, а за Западот: Леброн, Јокиќ, Зајон Вилијамсон, Стеф Кари и Лука Дончиќ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.