Познати саатниците за натпреварите од ракометниот Куп, билетите по цена од 100 до 600 денари

Вниманието на ракометната јавност во Македонија од 11-ти до 13-ти мај ќе биде насочено во Охрид каде што ќе се играат завршните турнири во Купот на Македонија.

Датумите беа од претходно познати, а сега се објавни и саатниците на натпреварите.

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИ:

11 мај

17:30, Еурофарм Пелистер – Пролет

20:00, Алкалоид – Вардар

12 мај

17:30, Металург – Куманово

20:00, Вардар – Ѓорче Петров

13 мај

15:00, финале жени

18:00, финале мажи

Билетите поединечно за сите полуфинални натпревари во машка и женска конкуренција се продаваат по цена од 100 денари, а за финалето по 200 денари. Може да се купат и блок билети за сите шест натпревари од 600 денари.