Познати се учесниците на Ф4 турнирот во кошаркарската Евролига

Барселона, Олимпија Милано и Анадолу Ефес ја комлетираа најдобрата четворка сезонава, која ќе се бори за кошаркарскиот трон во Евролигата.

Нивниот пат не беше воопшто лесен, и „мајсторки“ одлучуваа за Фајналфор турнирот. Во последните петти четвртфинални пресметки, Барселона го елиминира Зенит со 79-53, Милано го исфрли Баерн Минхен со 92-89, додека Анадолу со 88-83 го надигра Реал Мадрид.

Претходно, московска ЦСКА со сигурни 3-0 ја доби серијата против Фенербахче. На полуфиналната завршница во „Ланксенс Арената“ во Келн на 28 мај, Барселона се среќава со Милано, а ЦСКА Москва ќе се пресмета со Анадолу Ефес