Познати сите Ол-стар играчи, Јокиќ и Вучевиќ дебитираат

Двојниот освојувач на признаниеот најкорисен играл на Ол-стар натпреварите, Расле Вестрбрук, и четвроицата дебитанти Никола Јокиќ, Никола Вучевиќ, Бен Сајмонс и Крис Мидлтон, се на списокот на 14-те кошаркари кои ќе настапат на дуелот на „сите ѕвезди“ со веќе поретходно објавените членови на почетните петорки, кои на 7-ми февруари ќе ги избираат капитените Леброн Џејмс и Јанис Антетокунмпо.

Играчите коишто на 17-ти февруари во Шарлот ќе започне 68-то издание на „Ол-стар“ наптреварите ги избираа навивачите, актуелните НБА играчи и избрани новинари, додека „резертвите“ ги избираа актуелните требнери во најсилната светска кошаркарска лига. Тие ги даваа гласовите за седум кошаркари од своите конференции, со тоа што избираа двајца внатрешни и тројца надворешни играчи независно од позициите на кои играат, но не можеа да гласаат за играчите од нивните клубови.

Џемјс и Антетокунмпо како играчи со најмногу освоени гласови ги добија улогите на капитени и можноста на 7-ми февруари да ги избирраат своите соиграчи, без оглед на тоа од која конференција доаѓаат. Џејмс ќе има право шрв да бира кај играчите од првата петорка, додека Антетокунмпо прв ќе избира во вториот круг. Капитените челновиет на нивните екипи ги бираат без никакви ограничување, независно од која конференција доаѓаат.

Играчите во првите петорки ќе бидат избирани од списокот на којшто се: Стивен Кари (Голден Стејт), Кевин Дурант (Голден Стејт), Џоел Ембиид (Филаделфија), Пол Џорџ (Оклахома Сити), Џејмс Харден (Хјустон), Кајри Ирвинг (Бостон), Кави Леонард (Торонто) и Кемба Вокер (Шарлот).

Листата со резервистите ја сочинуваат: Ламаркус Одлриџ (Сан Антонио), Бредли Бил (Вашингтон), Ентони Дејвис (Њу Орлеанс), Блеј Грифин (Детроит), Никола Јокиќ (Денвер), Демиен Лилард (Портланд), Кајл Лори (Торонто), Крис Мидлтон (Милвоки), Дејвид Бејл (Сан Антонио), Бредли Бил (Вашингтон), Ентони Дејвис (Њу Орлеанс) Виктор Оладипо (Индијана), Бен Симонс (Филаделфија), Клеј Томпсон (Голден Стејт), Карл Ентони Таунс (Минесота), Никола Вучевиќ (Орландо) и Расел Вестбрук (Оклахома Сити).

Бидејќи на листата е и Виктор Одалипо за кого сезоната е завршена поради тешката повреда на десното колено, работа ќе има комесарот на лигата Адма Силвер кој бира замени за играчите кои не можат да настапат. Единствениот услов притоа е заменскиот играч да е од истата конференција од која е и повредениот кошаркар.

Имајќи ја предвид моменталната состојба на табелата и синоќешната победа на Милвоки во Торонто, извесно е дека екипата што ќе ја избере Јанис Антетокунмпо ќе ја води неговиот клупски тренер Мајк Биденхолцер, додека има двајца кандидата за водач на тимот што ќе го избере Леброн Џејмс, Стив Кер од Голден Стејт и Мајкл Мелон од Денвер. Кер засега е во преднот и ќе има работен „Ол-стар“ викенд доколку на 3-ти февруари Вориорс во својата „Оракл Арена“ ги победат Лејкерс на Џејмс, а Нагетс не успеат да го совладаат Хрустон во Денвер на 2-ри февруари и Минесота на гости ден подоцна.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.