Познати сите учесници во нокаут фазата од Лига Европа

Многу големи и трофејни клубови се наоѓаат на листата од 32 клуба кои ќе ја чекаат понеделничката ждрепка за 16-финалето во фудбалската Лига Европа.

Групната фаза заврши синоќа, а кон крајот на февруари следува нокаут фазата. Меѓу носителите се Севилја, Малме, Гент, Башакшехир, Базел, Брага, Линц, Манчестер јунајтед, Селтик, Ајакс, Арсенал, Бенфика, Порто, Интер, Еспањол и Салцбург.

Неносители се АПОЕЛ, Волфсбург, Копенхаген, Рома, Хетафе, Вулверхемптон, Спортинг Лисабон, АЗ Алкмар, Клуж, Баер Леверкузен, Ајнтрахт, Шахтар, Ренџерс, Олимпијакос, Лудогорец и Бриж. Честа на македонскиот фудбал ќе ја брани Стефан Ристовски од Спортинг. Во оваа фаза, нема да може да играат тимови од иста земја.