Познати сите учесници за ол-стар викендот во НБА лигата

Кошаркарот на Њу Орлеанс, Зајон Вилијамсон, ја одбиол поканата да учествува на натпреварот за забивања на ол-стар викендот што ќе одржи во Атланта в недела.

Своите вештини во забивање ќе ги презентираат тројца млади кошаркари, Енферни Сајмонс од Портланд, Касиус Стенли од Индијана и Оби Топин од Њујорк.

На турнирот во шутирање тројки ќе има звучни имиња, a ќе бидат предводени од поранешните победници Стеф Кари од Голден Стејт и Дедвин Букер од Феникс Санс.

За титулата најдобар шутер уште ќе се натпреваруваат и Донован Мичел (Јута), Џејлен Браун (Бостон), Џејсон Тејтум (Бостон) и Зак Лавињ (Чикаго).

Објавени се имињата и на учесниците во натпреварот во кошаркарски вештини во кој ќе учествуваат Крис Пол (Феникс), Лука Дончиќ (Далас), Роберт Ковингтон (Портланд), Никола Вучевиќ (Орландо), Домантас Сабонис (Индијана) и Џулиус Рендл (Њујорк).