Познатиот турнир во мал фудбал „Сокол“, повторно ќе се игра во скопски Карпош

Љубителите на малиот фудбал ќе можат одново да уживаат во возбудувањата на меморијалниот турнир, во чест на прерано починатиот Оливер Соколов – Сокол, кој се враќа на сцената.

Здружението заедно со жителите на Карпош 1 повторно се заложи да го обнови и продолжи турнирот во сеќавање на Сокол, кој традиционално 16 години успешно се одржуваше во негово име под покровителство на жителите на Карпош 1 и Општина Карпош на игралиштето „Сокол“ кое е во склоп на ОУ Хростијан Тодоровски Карпош – Карпош 1.

Оливер Соколов – Сокол е еден од основачите и водачи на навивачката група Комити. Човек кој на 18 август 1994 година во сообраќајна несреќа трагично го загуби својот живот токму поради залагањата на Комити во рамките на ФК Вардар.

Овој турнир стана синоним за сите турнири во нашата држава и од година во година беше, е и ќе остане најдобаро организиран и најпосетуван турнир во мал фудбал со амбиција конечно да прерасне во меѓународен турнир. Оваа година е 17-от по ред и веруваме дека ќе биде запаметен по неговата посетеност и професионалност.