Познато е кога ќе бидат отворени плажите во Албанија

Албанскиот премиер Еди Рама, соопшти дека хотелите може да ги отворат сопствените плажи на 1. јуни, додека јавните плажи ќе бидат пуштени во употреба од 10. јуни.

Тој истакна дека границите на земјата ќе бидат отворени од 1. јуни за сите соседни земји.

„Процесот на средување на плажите ќе биде завршен во текот на викендот“, соопшти албанскиот премиер.