Познато е зошто Том Круз не се појави на Оскарите

Том Круз одлучил да ги прескокне овогодинешните Оскари за да избегне непријатна средба со поранешната сопруга Никол Кидман, иако поминаа повеќе од 20 години од нивниот болен развод, пишуваат британските таблоиди.

Фактот што неговиот филм „Top Gun: Maverick“ беше номиниран во шест категории, вклучувајќи ја и најпосакуваната, за најдобар филм, не беше поттик за Круз да дојде. Имено, Круз и Кидман раскинале во 2001 година, наводно затоа што актерката не сакала да му се придружи во Скиентолошката црква.

„Том не беше на доделување на наградите бидејќи Никол беше таму и не сакаше да се судри со неа“, изјавил неименуван извор за Дејли Меил.

Од друга страна, блиски до Круз тврдат дека неговото отсуство не било од „лична природа“, туку едноставно не се вклопувало во неговиот распоред, но не одговориле конкретно на тврдењето дека се е поврзано со присуството на Кидман. Инаку, 60-годишниот Круз и неговата поранешна сопруга со години не се видени на исти настани.

55-годишната Кидман на доделувањето пристигна во придружба на нејзиниот сопруг Кит Урбан, а нејзиното бизарно и малку пресреќно однесување на црвениот тепих не можеше да помине незабележано, но не се појави на свечениот ручек кој традиционално им претходи на Оскарите.