Прага го бојкотира гостување на Јанукович

Властите во чешката престолнина ќе ја бојкотираат посетата, закажана во април, на украинскиот претседател Виктор Јанукович. Општината нема да издвои никакви средства за настаните организирани за државната посета и нема да обезбеди пристап на делегацијата до историските објекти во градот.

„Под сегашните околности не гледам ниту една причина зошто Прага треба да учествува во државната посета на претседателот Јанукович. Апсурдно е неговиот авион да слета на аеродромот, што го носи името на Вацлав Хавел“, изјавил градоначалникот Томаш Худечек.

Поранешниот чешки претседател и светски познатиот борец за човекови права е симбол за стотици Чеси, кои се противат јавно на посетата на Јанукович. Многумина од нив го повикаа претседателот левичар Милош Земан да ја повлече поканата, но од претседателството одговориле дека воопшто немаат такви намери, бидејќи го преферираат дијалогот пред конфронтацијата .