Прамен од косата на Бетовен понуден на аукција

Британската аукциска куќа Sotheby’s планира во вторник да продаде прамен од косата на Лудвиг ван Бетовен кој славниот германски композитор лично си го отсекол и му го подарил на пријател пијанист во 1826 година.

Се очекува дека овој прамен ќе достигне вреднос од 15.000 фунти, а директорот на одделот за книги и ракописи во Sotheby’s, Сајмон Мегваер, вели дека би можел да биде продаден и за повисока сума. „Веќе постои прилично голем интерес“, додал.

Опишувајќи ја приказната во заднината на овој експонат, Мегваер вели дека австрискиот пијанист Антон Халм побарал прамен коса како спомен за својата сопруга, но слугата на Бетовен испратил козји влакна, разгневувајќи го славниот композтор.

„Тогаш му дал на Халм прамен од косата завиткано во парче хартија, кој самиот го отсекол, голема локна. Рекол: ‘За овој можеш да бидеш сигурен дека е вистински’“, раскажува Мегваер.

Халм подоцна косата му ја дал на својот ученик Јулиус Епштајн кој подоцна бил професор по клавир на Виенскиот конзерваториум. Автентичноста ја потврдил Александер Велок Тајер, автор на птвата научна биографија за Бетовен.

Аукциската куќа Sotheby’s во минатото понуди помал прамен од косата на Бетовен земен од смртната постела, една дена по неговата смрт во 1827 година, како и коси од Фредерик Шопен и Воглфанг Амадеус Моцарт, како и коса на јунакот на британската воеан морнарица Хорациус Нелсон.

„Но овој е необичен поради тоа што зад него стои многу интересна приказна и што е доста голем“, вели Мегваер додавајќи дека другите биле многу помалу, само по неколку влакна.

А во јануари 2015 година, аукциската куќа Heritage Auctions на наддавање во американскиот град Далас продаде прамен од косата на 16-от американски претседател Абрахам Линколн за 25.000 долари.

За споредба, прамен коса на францускиот цар Наполеон, исечен на денот на неговата смрт, во 2010 година беше продаден за 13.000 американски долари на аукција во Нов Зеланд, а во април 2013 година едно перче коса на австрискиот император Франц Јосиф коешто за време на неговото владеење било дадено на неговиот собар како додаток на платата, беше продадено на наддавање во Виена за 13.720 евра, што е триесет пати повеќе отколку што првично беше проценето.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.