Прашањето за референдум мора да биде едносмислено и јасно, еве кој бил предлогот на ВМРО ДПМНЕ

879

Бројни невистини и погрешни информации се брифираат од провладините кругови во однос на тоа каде запнале преговорите во Клубот на Пратеници во однос на референдумот.

НетПрес дознава дека настојувањето на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, било да се почитува уставот и законот за референдум каде се налага прашањето да биде јасно и еднозначно со цел граѓаните да не се доведат во заблуда.

Прашањето кое било предложено од ВМРО ДПМНЕ било:

„Вашиот став за договорот кој го потпишаа МНР Никола Димитров од името на владата на РМ и МНР Никос Коцијас од името на Владата на РГ на 17 јуни 2018 година во Псарадес (Нивици)“.

Ставот бил прашањето да има опција за одговор „ЗА“ или „ПРОТИВ“.

Во игра како компромис било предложено да се одржат истовремено два референдуми (што дозволува Уставот) и на вториот референдум прашањето би било:

„Вашиот став за политичката одлука за членство на РМ во ЕУ“, каде за разлика од првото прашање на првиот референдум каде треба да се исполнат два комулативни услови (50% плус еден од запишаните избирачи да излезат, од кои повеќе од 50% од нив треба да гласаат „ЗА“), условот да биде успешен вториот референдумот за ЕУ е потребно да излезат повеќе од половина од запишаните избирачи и истите да гласаат „ЗА“ прашањето односно да гласаат потврдно повеќе од 910.000.

На тој начин пред граѓаните би биле поставени две едносмислени прашања на два различни референдуми кои би се одржале истовремено и би се запазил Уставот, но и прашањето нема да биде повеќесмислено.

Ова било одбиено од лидерот на СДСМ, Зоран Заев, кој инсистирал на сложено прашање.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.