Пратеничка избркана од хрватскиот Парламент, одбила да стави маска

Претседателот на хрватскиот парламент, Гордан Јандроковиќ, ја избрка пратеничката Каролина Видовиќ-Кришто од собраниската сала затоа што ја извади заштитната маска.

Пратеничка на движењето „Татковина“ побара од Националниот штаб за цивилна заштита да ја укине обврската за носење маска за деца, а бидејќи таа одби да ја стави маската, Јандроковиќ ја отстрани од седницата до крајот на денот, пренесува Индекс.

-Стави ја маската прво или ќе морам да те исклучам од дебатата, се закани Јандроковиќ и потоа рече: „Имаме пауза од пет минути, а јас, госпоѓо Кристо, ќе ве отстранам од парламентот до крајот на денот.

Пратеничката презентираше 1.033 писма од родители од иницијативата „Родители 0-24“ со кои се бара укинување на Националниот штаб за цивилна заштита, а повика на итен крај на, како што рече, „сомнителното и прекумерно и непотребно присилување на децата и лишување од слобода“.

-Барањето е веднаш да престанеме да се носат маски кај деца, рече Видовиќ Кристо, повикувајќи се на научни истражувања за кои тврди дека покажале оти носењето маски не придонесува за намалување на инфекцијата со коронавирус и може да предизвика здравствени и психолошки проблеми кај децата. Пораката на родителите е – не измачувајте ги нашите деца со маски затоа што нема основа за тоа, нагласи таа.

Таа исто така ги критикуваше, како што тврди, прекумерната употреба на средства за дезинфекција и непотребните тестови за коронавирус на луѓе кои немаат симптоми, за што Хрватска, како што рече, непотребно „фрлила“ 200 милиони куни.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.