Пратеничка на СДСМ заразена со коронавирус

Пратеничката на СДСМ од Прилеп, Кети Смилеска, е заболена од новиот тип коронавирус, пренесува во вторникот порталот Инфомакс.

Редакцијата на порталот ја контактираше пратеничката по што добиле потврда дека е тестирана и е позитивна на заразата.

„Таа во болницата е сместена од саботата кога нејзината состојба се влошила, но како што вели за нашиот портал сега веќе е подобра. Смилеска апелираше до своите сограѓани прилепчани мерките да се почитуваат, бидејќи како што вели почитувањето на мерките не биле на задоволително ниво“, објави Инфомакс.

Смилеска посочува дека сака информацијата да биде споделена за што поголем број на граѓани да разберат дека станува збор за сериозна работа.