16.8 C
Skopje
сабота, април 20, 2024

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ бара итна седница за поставување на пратенички прашања

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ бара итна седница за поставување на пратенички прашања.

Откако Владата во оставка избега од седницата за поставување на пратенички прашања со образложение дека Владата е во оставка, пратенички прашања не можеше да се постават ниту на носители на јавни функции кои се бирани од Собранието.

„Сакаме да нагласиме на јавноста дека на седницата на пратенички прашања не одговараат само министрите и претседателот на Владата туку сите именувани функционери. Со откажувањето на седницата за пратенички прашања, се оневозможи да поставиме пратенички прашања дури и на именувани функционери кои што и покрај оставката на Владата остануваат на своите функции. Имено, денес во Собранието на Република Македонија имаме заменици министри кои иако се во оставка, се присутни на седница како подносители на законски решенија. Ова се двојни стандарди, се со цел да се заштитат Зоран Заев и министрите и да не дадат одговори за низа на скандали, афери и штетни политики од кои избегаа откако беше откажана договорената седница за пратенички прашања кој требаше да се одржи минатиот четврток. Затоа поднесовме барање да се одржи седница за пратенички прашања и носителите на именувани функции да дојдат и да дадат одговори на пратениците и граѓаните“, велат од Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.