Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ е јасна со континуиран став – уставни измени под овие услови и бугарски диктат нема да има

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ е јасна со континуиран став, уставни измени под овие услови и бугарски диктат нема да има.

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата тоа го кажа и на Комисијата за уставни измени, ќе го повтори и на пленарната седница.

СДС и ДУИ не можат уште долго да манипулираат со јавноста, нивните лаги ќе се распрснат како меур од сапуница уште оваа недела, кога народот ќе може да види дека власта нема пратеници за уставни измени.

СДС и ДУИ се свесни дека тонат, и дека нема излез за нив, но за ден повеќе власт продолжуваат да лажат и манипулираат со јавноста, и додека тие тоа го прават фирми блиски до нив книжат милиони.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.