Пратеници на Левица добија кривична поради говор на омраза

СВР Велес поднел кривични пријави против советниците на Левица во Советот на Општина Велес Игор Смилев и Димитар Абрашев поради говор на омраза – информираше партијата.

Советниците на Левица се гонат поради фејсбук статус, каде јавно напишале дека пратеникот Ненад Коциќ од СДСМ „е предавник затоа што гласал за францускиот предлог за бугаризација“.

Левица уште тврди дека истовремено МВР со години чува во фиока кривични пријави за директни закани против највисокото раководство на оваа партијата.

„Очекувано е една квинслишка власт, која владее без никаков легитимитет од народот, да ги користи сите тоталитарни методи за да го угуши секој Отпор против режимот. Но, Републиката пребродила далеку поопасни непријатели од вообразениот предавник Ненад Коциќ и неговата матична партија – составена од потпросечни политиканти, неспособни клептомани и простодушни среброљупци“ – пишува Левица во соопштението.