Пратениците ќе може да дискутираат и да гласаат и од дома

Поради кризата со ковид-19, пленарните седници на Собранието се „преселени“ во салата со куполи, каде што полесно се одржува физичка дистанца меѓу пратениците, додека техничката влада во последните неколку месеци постојано заседаваше онлајн.

Во Собранието се подготвува платформа за и пратениците да може да работат и одлучуваат од дома или од нивните канцеларии, соопшти новоизбраниот пратеник на СДСМ и досегашен министер за информатичко општество и администрација Дамјан Мнечевски.

„Во парламентот веќе работат на платформа на која и пратениците ќе може да работат и одлучуваат и од дома или од нивните канцеларии, што исто така е голем предизвик. Службите работата на ова и верувам не подоцна од крајот на септември ќе биде и тоа овозможено“, изјави Манчевски, кој денеска учествуваше на неформална заедничка средба со пратеникот и меѓународен секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски и Бојан Кордалов, специјалист за односи со јавност и координатор на Програмата за транспарентност и дигитализација на Институтот за добро управување и евро-атлантски перспективи (ИДУЕП).

Владата, посочи Манчевски, и сега работи онлајн и тие измени на Деловникот се донесени одамна.

Во однос на новото парламентарно мнозинство, Муцунски, по средбата, изјави дека практично станува збор за истата коалиција што владееше во последните три години и дека е неблагодарно да се дава предвидување за тоа колку ќе трае.

„Едноставно, граѓаните треба да видат дали таа коалиција ги реализирала очекувањата од претходниот тригодишен мандат и тоа самото по себе ќе им даде одговор какви очекувања треба да имаат за истата влада. Јас мислам дека нема да има висока реализација на очекувањата. Нестабилното парламентарно мнозинство ќе значи дека на многу повисок степен ќе биде дневната политизација, отколку решавањето на тековните проблеми“, изјави Муцунски, наспроти денешното соопштение од ВМРО-ДПМНЕ во кое се предвидува дека новата влада ќе биде со краток рок.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.