Пратениците ќе разговараат за воведување на една изборна единица

Во Собранието на Република Македонија денеска средба ќе имаат пратеници од повеќе партии во врска со реформите на изборните правила.

Според најавите, меѓу другото, тие треба да разговараат за можноста Република Македонија да биде една изборна единица, но и за елиминирање на системската предност на четирите најголеми партии.

За можноста земјава да биде една изборна единица подолг временски период се залагаат помалите политички партии кои сметаат дека постојниот изборен модел со шест изборни единици не дозволува валоризација на вкупниот број гласови кои ги освојуваат на ниво на цела држава.