Пратениците го отфрлија договорот за брегзит на Меј

© AFP 2017 / Daniel LEAL-OLIVAS

Британските пратеници го отфрлија во вторникот вечерта договорот за излегувањеро на Обединетото Кралство од Европската унија, кој го постигна во ноември премеирката Тереза Меј, за чиешто останување на чело на британската влада ќе се гласа веројатно веќе во среда/

За договрот се изјаснија 202, а против 432 пратеника, објавија агенциите.

По објавувањето на резултатите, главниот европски преговарач Мишел Барние ќе се сретне со пратеници во Европскиот парламент.

Последниот ден од дебатата заврши со говор на премиерката Тереза Меј и размена на остри реплики. Претходно се очекуваше повеќето пратеници од Конзервативната партија на Меј да гласаат против нејзиниот договор, што навести пораз на премиерката. Меј ги повика пратениците да гласаат за договорот за брегзит што го постигна со ЕУ, нагласувајќи им дека ја имаат таа обврска поради исходот од референдумот во 2016 година. Правниот советник на владата, сер Џефри Кок, рече дека ако договорот на Мај биде одбиен, земјата ја очекува многу неизвесност. Тој ги обвини пратениците „дека играат со животот на луѓето“.

Веднаш по гласањето премиерката Меј рече дека доколку опозицијата побара, нејзината Влада е подготвена уште утре да се расправа за довербата на нејзиниот министерски кабинет. Рече дека две години работела напорно да го испорача референдумското барање на Британците за излез од ЕУ.

Џереми Корбин, лидерот на опозициските лабуристо рече дека ова е најголем
пораз за британската влада од 1920 година. Ја обвини Тереза Меј дека се обидува да ги убеди луѓето од парламентарната говорница, иако народот и парламентарните партии се изјаснија против договорот. Го повтори својот план да не се затвора дијалогот со ЕУ и да се направат обиди да се издејствува трговска унија со блокот и
слобода на движење на луѓето. Корбин рече дека владата ја изгубила довербата на народот и затоа поднесе барање за гласање на доверба за владата на Меј.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.