Пратениците го повикуваат Корбин да поддржи нов референдум за брегзит

Група британски пратеници во четвртокот го повикаа челникот на опозициската Лабуристичка партија, Џереми Корбин, да поддржи уште еден референдум за членството на Обединетото Кралство во Европската унија, тврдејќи дека тие самите немаат доволна поддршка да ја принудат владата да го распише, а претходно на таква опција „за да се избегне хаосот“ повика и поранешниот британски премиер Тони Блер.

Британскиот парламент не монже да постигне договор околу излегувањето на Велика Британија од ЕУ на 29-ти март, откако пратениците минатата седмциа го отфрлија со огромно мнозиство, со 432 гласови „против“ и 202 гласови „за“, договорот што премиерката Тереза Меј го постигна со Брисел. Пред пратенците се неколку опции, меѓу кои се излегувањето без договор или распишување втор референдум.

Премиерката Меј ја отфрли можноста за уште еден плебисцит, бидејќи смета дека парламентот мора да ги почитува резултатите од референдумот од јуни 2016 година, кога 52 отсто од Британците гласа за истапувањето од ЕУ. Корбин, исто така, не ја поддржува идејата за ново гласање, но истакнува дека сите опции мора да бидат отворени. Поборниците на вториот референдум, пак, предупредуваат дека барањето ново мислење од граѓаните е единствениот начин да се надмине ќорсокакот во кој се најде парламентот.

„Часовникот отчукува, а во оваа доцна фаза го повикувам Џереми Корбвиб да ја направи вистинската работа кон мнозинството наши избирачи, поборници и членови, и да поддржи нов референдум“, изјави лабуристичката пратеничката Лусиана Бергер.

Конзервативната пратеничка Сара Воластон, пак, рече дека планот за вториот референдум во долниот дом на паралментот со 650 мандати може да минеа само доколку го поддржи Корбин. „Без недвосмислената поддршка од водството на лабуристите во овој момент ги немаме потребните бројки“, рече.

Претходно во четвртокот поранешниот британски премиер Тони Блер ијзави дека земјата би требало да одржи нови референдум за да го „заклучи“ хаотичниот процес на брегзитот и верува дека изгледите за такво изјаснување се поголеми од 50 отсто.

„Мислам дека уште еден референдум би ја заклучил работата. Луѓето како мене ќе прифатата доколку избирачите повторно го изберат излегувањето, дека тоа е тоа. Мислам дека со излегувањето без повторно добивање мислење од народот, со овој хаос и во овие услови, би настал уште поголем раздор“, рече поранешниот челник на лабуриститеБлер на Светскиот економски форум, во Давос.

Блер, кој беше премиер од 1997 до 2007 година, смета дека Британија не може да ја напушти ЕУ, доколку не знае на каде оди. Ако тоа значи дека треба да се одложи излегувањето на 29-ти март, тогаш Лондон тоа треба да го стори“, додава Блер. „Идејата дека можеме да се истрчаме од ЕУ без договор, мислам дека тоа е потполно неодговорно и сигурен сум дека парламентот тоа не би го дозволил“, заклучи поранешниот британски премиер.

На референдумот во јуни 2016 година за излегување од ЕУ гласаа 52 отсто од избирачите, односно околу 17,4 милиони жители,, додека 48 отсто или 16,1 милиони гласачи се определија за останување. За излегувањето од ЕУ гласаа Англија со 53,4 и Велс со 52,5 отсто, додека на тоа се спротиставија Северна Ирска со 55,8 и Шкотска со 62 отсто. Европскиот суд на правдата, нејвисокиот суд во ЕУ, во декември пресуди дека Обединетото Кралство може унилатерално да ја повлече одлуката, со што ги поттикна надежите на оние кои се за останувањето дека брегзитот би можел да биде запрен со нов референдум.