Пратениците Груби и Димков во комисијата за избор на припадниците на новата АНБ

Трајко Димков и Артан Груби се двајцата пратеници кои ќе учествуваат во работата на Комисијата за селекција и избор на работници од Управата за безбедност и контраразузнавање во новоформирана Агенција за национална безбедност (АНБ)

Комисијата за надзор над работата на УБК и Агенцијата за разузнавање денеска ги избра овие членови кои според претседателот на Комисијата, Трајко Вељаноски, се предложени по претходна консултација со политичките партии. Комисијата го усвои и Извештајот за работата на УБК и Агенцијата за разузнавање за 2018 година.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.