Пратениците изгласаа: Потребен е закон за задолжување на Македонија кај Меѓународната банка за обнова и развој

Собранието на Република Македонија денеска ја започна 18. седница.

На истата пратениците ја изгласаа и потребата за носење на закон за задолжување на Република Македонија со заем кај Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка по договорот за заем за финансирање на Проектот за модернизација на земјоделството, по скратена постапка.

Законот ќе биде донесен откако за него ќе одлучуваат матичните собраниски комисии и ќе помине амандманската расправа.